НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Енрико Масиас – „Пејачот на мирот“ кој беше протеран од родната земја

0
By Нова ТВ on July 18, 2014 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Бурната биографска приказна на славниот француски пејач, гитарист, текстописец и композитoр Енрико Масиас почнува на 11. 12. 1938 година кога е роден како Гастон Гренасиа во градот Константин, тогашен француски Алжир, во еврејско семејство.

Музикалноста ја наследува од татко му Силвиан Гренасиа, професионален музичар, многу добар виолинист.

Настапувал во оркестарот на Рејмонд Лири (1912 – 1961), виртуозен лаутист и пејач, кој негувал арапско-андалузиска музика и подеднакво бил почитуван, ценет и популарен и кај муслиманската и кај еврејската заедница.

И тој по татко бил евреин, од мајка французинка. Кога татко му загинал во Првата светска војна бил посвоен во еврејско семејство.

Кога станал познат музичар, обожавателите од почит го нарекле Шејк Рејмонд. Тој е судбинска личност во кариерата на Енрико Масијас од повеќе причини.

Прво затоа што на 15-годишна возраст се вклучил како гитарист во неговиот оркестар, подоцна се оженил со неговата ќерка Сузи и на крајот поради атентатот извршен врз него, не само Енрико Масијас со семејството, туку и илјадници други француски колонисти доселени уште во средината на 19-от век, го напуштиле Алжир и се населиле во Франција.


Енрико Масиас, со семејството

Атентатот го извршиле силите на Народниот Ослободителен Фронт на 22. 6. 1961 г., а само неколку дена подоцна кога за колонистите животот станал неподнослив, масовно го напуштиле и градот Константин, кој се наоѓа на 80 км. од брегот на Средоземното Море и со бродови преминале на француска територија.

Една година подоцна на 5. 7. 1962 г. Алжир прогласува независност и дефинитивно престанува да биде во составот на Франција. Оттогаш, па до ден денеска, Енрико Масиас, како и многумина други бегалци кои не го подржувале Народниот Ослободителен Фронт се прогласени за непожелни личности или „персона нон грата“, без право да се вратат во својата родна земја за која Масиас испеа толку многу песни.

По доаѓањето во Франција, одлучува целосно да и се посвети на музичката кариера. Во 1962 г. ја реализира првата снимка „J’ai quitte mon pays“ („Ја напуштам мојата земја„), песна што ја компонира додека патува со брод од Алжир до Франција.

„Јас ги напуштам мојата земја
мојот дом
моето семејство
моите пријатели…“

Уште по првото емитување на телевизија, песната постигнува сензационален успех. Следуваат и други наслови „Enfants de tous pays“, „Oh guitare, guitare“, „Le femme de mon ami“ и други.

Како одминува времето, Масијас дефинитивно станува голема ѕвезда. Првиот настап во храмот на француската музика, париската концертна сала „Олимпија“ го има веќе во 1964 г. со групата „Пријатели на шансоната“, со која многу често настапуваше славната Едит Пиаф (1915 – 1963).

Следуваат многу концерти и долги турнеи, првин во Франција, па Либан, Грција, Турција. Во Турција посебно ужива голема популарност. Неговите песни се препејувани на турски јазик, а познати се и неговите заеднички настапи со славната турска пејачка Ажда Пекан.

Иако, во тој период, во музичкиот свет владеат „Битлси“, Енрико Масијас соборува рекорди и полни сали па и стадиони. Во 1966 година настапува на стадионот на Динамо во Москва каде се собираат 120 илјади луѓе. Настапува во уште 40 градови во тогашниот Советски Сојуз. Турнејата ја продолжува со фантастична посетеност и во Јапонија.

Во Франција, главно беше фанатично прифатен од „pieds noirs“ („црни стопала“), погрден израз за бегалците од Северна Африка, но со текот на времето и таму беше масовно слушана неговата музика, иако и до ден денеска, во одредени кругови, со потценување се гледа на оваа популација и култура.

Кон крајот на 60-тите Масијас тргнува во поход на американскиот континент. За две години одржува две турнеи. Настапува во „Карнегу хол“ во Њу Јорк, потоа Чикаго, Далас, Лос Анѓелес, Канада, Лондон, Италија, Шпанија, Израел…

Иако, како што самиот вели, не се занимава со политика, често пее во хуманитарни цели и мировни мисии. Така, во 1978 г., по покана на тогашниот добитник на Нобеловата награда за мир, египетскиот претседател Анвар Ел Садат, како пејач од еврејско потекло, настапува пред 20 илјади посетители на концертот во подножјето на пирамидите.

Кога по три години Садат беше убиен, Масијас напиша песна за него. Во 1981 година доби уште едно големо признание „Пејач на мирот“ што лично му го врачи Генералниот Секретар на ОН Курт Валдхајм.

На почетокот на овој милениум Масијас уште еднаш се обиде да ги убеди алжирските власти дека сега е погоден политички момент да се врати во земјата во која е роден и да одржи серија концерти.

Барањето е одбиено од „безбедносни причини“. И при првата посета на Саркози на Алжир во декември 2007 г.беше направен безуспешен обид тој да биде член на претседателската делегацијата. Но, тој се надева, дека сепак еден ден ќе се создадат услови да му се оствари таа желба, иако сега има 76 години.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.