Министрите за надворешни работи на ЕУ вечерва усвоија нов пакет на санкции, насочени кон рускиот претседател Владимир Путин и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров, поради одлуката за инвазијата на Украина, изјавија дипломатски извори за ДПА.
На Путин и Лавров им „замрзнуваат“ имот, како дел од огромниот пакет договорен на вонредниот самит на лидерите на ЕУ за одговор на рускиот напад врз Украина.
Новите санкции се однесуваат за високи функционери на Кремљ, а кои беа вклучени во одлуката на Русија да ги признае сепаратистичките регионби во Украина како независни држави.
Новите ограничувачки мерки се насочени и кон енергетскиот, финансискиот и транспортниот сектор на Русија, како и забрана за извоз на критични технологии и софтвер од Европа во Русија, а ќе се воведат и визни ограничувања.




