Фондот за здравствено осигурување ги повикува сите невработени лица да поднесат документи за пререгистарација во подрачните служби на местото на живеење.
Обврската се однесува на оние граѓани кои оствариле здравствено осигурување минатата година, а пререгистрацијата е потребна за да се обезбеди континуитет во осигурувањето.
Од Фондот информираат дека иако пререгистрацијата е започната од почетокот на месецот, одзивот кај граѓаните е многу слаб.
Поради тоа надлежните апелираат невработените лица да побрзаат со постапката за да се избегнат непотребните турканици пред шалтерите во последните денови.
Постапката за пререгистрација трае до 31 март.