Нема да се менува ДУП-от за Мал Ринг бидејќи советникот на Илија Илиоски побара да се повлече оваа точка од дневниот ред на Советот на Општина Центар, кој денеска заседава.
Градоначалникот Андреј Жерновски побара да се тргнат сите три предлога за промени во
деталните урбанистички планови за малиот ринг во О.Центар, потоа градска четврт- Капиштец и Тасино чешмиче- Водно објаснувајќи дека носењето на овие промени не е во согласност со законите и процедурите.
„ДУП-от Тасино чешмиче воопшто не е во согласност со Генералниот урбанистички план на град Скопје“, рече Жерновски.
На ова реплицираше советникот Илиоски од ВМРО – ДПМНЕ , кој одговори дека не станува збор за нов ДУП за Тасино чешмиче, туку за измени и дополнувања на постоечкиот.
Седницата се одвива во тензична атмосфера и се уште не е усвоен дневниот ред.