НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Столтенберг: НАТО ја засилува подготвеноста за одговор на било каков напад врз сојузниците

0
By Sashko on February 25, 2022 НАСЛОВНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вонредниот самит на НАТО лидерите, заедно со партнерите од Шведска и Финска, се заврши со нова остра осуда за руската инвазија на Украина и зајакнување на военото присуство на НАТО на истокот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Генералниот секретар, Јенс Столтенберг изјави дека НАТО вчера ги активираше елементите на НРФ, силата за одговор на НАТО (NATO response force) на копно, вода и воздух, со што се зајакнува подготвеноста на Алијансата да одговори на било кое сценарио.

НАТО става јасно до знаење дека било каков напад врз една од земјите сојузнички ќе биде третиран како напад врз сите и ќе следува соодветен одговор.

Распоредени се над илјада трупи ширум Алијансата, над сто џетови во повеќе од 30 локации, како и 120 бродови од северот до Медитеранот.

Ова е најсериозната закана за евроатлантската безбедност во децении, рече повторно Столтенберг и за тоа има само еден виновник, рече тој, а тоа е Русија.

Военото распоредување на НАТО во источниот дел има за цел да спречи недоразбирања и да ги заштити сојузниците.

Ова оди подалеку од Украина, барањата на Русија се НАТО да ја повлече својата инфраструктура во повеќе од половина наши членки, со спротивно се заканува со воени последици, затоа за прв пат ја распоредуваме НРФ во колективна одбрана, рече генералниот секретар.

Според НАТО, барањата на Москва биле да се стави крај на проширувањето кон истокот, но и да се повлечат сите сили и инфраструктура од земјите членки кои и се придружиле на Алијансата по 1997 година.

Генералниот секретар се осврна и на можноста за активирање на членот пет за солидарност меѓу сојузниците и во случај на сајбер напад.

Рековме дека сајбер напад може да го активира членот пет, но никогаш не сме отишле во позиција да му дадеме на противникот привилегија да открие кога го активираме, одговори Столтенберг и додаде дека НАТО ги зајакнува сајбер мрежите.

Истовремено, врховниот командант на НАТО силите добива поголема слобода за раздвижување на силите и работи на механизмите за “деконфликција“.

Овие механизми се ад хок воени процедури кои имаат за це да се спречат напади по грешка или смртоносни последици врз војници на сојузничките трупи. Механизмите ги користеше САД во Сирија и служат како искуство за НАТО, објасни шефот на Алијансата.

Конечно, генералниот секретар реагираше и на изјавите од руската страна за подготвеност да се седне на преговарачка маса со Украина, во Минск и под услов Украина да го положи оружјето. Столтенберг оцени дека Русија треба да се повлече, но дека крајната одлука му припаѓа на украинскиот претседател.

„Ова е целосна инвазија на Украина, одат кон Киев и најавија дека целта им е промена на власта во Украина. Ситуацијата е многу непредвидлива, нема да шпекулирам, туку ќе изразам почит за украинските воени сили кои ја докажаа нивната храброст со тоа што се борат против поголемата руска сила. Што се однесува до потенцијални преговори меѓу Зеленски и Русија мојата порака е дека е на Зеленски и на владата во Украина да одлучи. Она што треба да го видиме е Русија да прекине со нападите врз Украина, тоа е најбрзиот пат до мирот“, изјави Јенс Столтенберг.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.