Станбена зграда во предградието на главниот град на Украина е погодена од вчерашното гранатирање. Украинските служби за итни случаи евакуирале 150 жители и пријавиле 8 повредени, но нема информации за жртви.
Улиците во Киев изгледаат морничаво и пусто откако Русија ја почна својата инвазија на Украина до предградијата на главниот град.
Руските трупи го нападнаа украинскиот главен град Киев по што избија борби по улиците, додека градските власти побараа од граѓаните да најдат засолниште.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја одби понудата на САД да биде евакуиран, инсистирајќи дека ќе остане во престолнината.
-Добро утро до сите Украинци! Во последно време на Интернет имаше многу лажни информации дека ја повикувам нашата армија да го остави оружјето и да се евакуира. Слушајте, јас сум тука. Нема да го положиме оружјето. Ќе ја браниме нашата држава. Затоа што нашето оружје е нашата вистина. А вистината е дека ова е наша земја, наша држава, наши деца. И ние ќе го браниме сето тоа. Тоа е сè што сакав да ви кажам. Слава на Украина“, рече тој.
Не вірте фейкам. pic.twitter.com/wiLqmCuz1p
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 26, 2022
Зеленски објави ново видео рано утринава, потврдувајќи дека е во Киев и им порача на сограѓаните дека борбата продолжува.