Унгарија ќе ги поддржи сите санкции на Европската унија против Русија и нема да блокира ништо, изјави денес премиерот Виктор Орбан, говорејќи на украинско-унгарската граница, пренесува Ројтерс.
„Унгарија јасно стави до знаење дека ги поддржува сите санкции, така што нема да блокираме ништо, така што она што можат да го договорат премиерите на Европската унија, го прифаќаме и го поддржуваме“, им рече тој на новинарите.
„Ова е време да бидеме обединети, тоа е војна“, рече тој, додавајќи дека мировните напори се најважни.