Со украински знамиња, со слогани против војна и против Путин, Украинци кои живеат во Грција денеска одржаа мирен, антивоен протест пред Амбасадата на Русија во Атина.
„Ние не сме нацисти, запрете ја војната”; „Путин, тргни ги рацете од Украина”; „Путин, убиец”; „Руски терористи, одете си од Украина”, беа дел од слоганите испишани на паноата, а во разговор со дописничката на МИА од Атина.
Дел од Украинците раскажаа дека нивни роднини се во Украина, се наоѓаат во постојан контакт со нив и од нив дознаваат што се случува во нивните родни места, а сите се согласни дека никој не може да поверува дека во 2022 година се случува војна.
Младата Владислава, по потекло е од градот Запорожје во јужна Украина што се наоѓа блиску до Мариупол, на протестот беше со плакат во форма на срце со боите на украинското знаме и порака дека потребна е помош од светот.