Мала бомба експлодира вчера пред локалната канцеларија на грчката крајнодесничарска партија „Златна зора“ во Пиреја, соопштуваат од БТА.
Експлзијата предизвика само лесни оштетувања врз зградата во која се канцелариите на партијата и нема повредени.
Ова е втор ваков напад за два дена врз „Златна зора“, партија која минатата година влезе во парламентот јавајќи врз бранот анти – имигрантски чувства во земјата зафатена од сериозни економски проблеми.
Претходно вчера анархистичка група, што се нарекува „Гневна бригада“, ја презеде одговорноста за сличната експлозија од претходниот ден во градот Лариса.
Во вчерашниот напад, засега никој не ја презема одговорноста.