Целодневен полициски час воведуваат властите во Киев кој ќе започне во сабота во 17:00 часот и ќе заврши во 8 часот во понеделник.
Во соопштението се вели дека „сите цивили кои се на улица во периодот на полицискиот час ќе се сметаат за членови на диверзантските групи на непријателот“.
Претходно украинскиот претседател Володимир Зеленски ја повика земјата да „застане цврсто“ против опсадата што може да ја одреди нејзината иднина. Тој ја одби американска помош за евакуација, велејќи: „Борбата е тука“.
Официјален претставник на американското Министерство за одбрана рече дека нивните експерти забележале повеќе од 250 лансирања на проектили од Русија против Украина, главно од типот со краток дострел.
Во меѓувреме, британското Министерство за одбрана соопшти дека напредувањето на Русија е забавено, веројатно поради логистичките проблеми и „силниот украински отпор“.