Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ако не се зголемат цените, во опасност е целото тутунопроизводство, велат од Сојузот на земјоделските здруженија

0
By Ivana on February 27, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 27, 2022 12:42

Ако не се зголемат цените за новата реколта, во опасност е целото тутунопроизводство и нема да се прифатат договорите што се нудат за годинава, велат од Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Сојузот на крајот од откупната кампања со 20-тината членки ги резимираат состојбите и бараат да се зголемат цените по класи.

Според Менде Стомнароски, претседател на Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија, цените треба да ги следат трошоците на животот и производството и нема да се прифатат договорите за новата реколта, а Министерството за земјоделство да биде посредник во преговорите.

– Законскиот рок за завршување на откупот е во понеделник, но сметаме дека уште во петокот е завршена откупната кампања и дека е откупен сиот тутун. Досега се откупени 18 700 тони тутун по просечна цена од над 200 денари. Сега разговараме за завршувањето на откупот и за новата реколта. Не дека сме задоволни, како тутунари со 200 денари просечна цена и затоа сакаме да кажеме дека предлог-договорите кои ги имаат пуштено фирмите ние во целост не ги прифаќаме и не се согласуваме со нивните договори. Како Сојуз бараме од Министерството за земјоделство, веќе има закажано средба за идната недела, затоа бараме Министерството да излезе како посредник, како наш заштитник, при преговарањето со фирмите. Бараме цените по класи да се зголемат за онолку колку се зголемени трошоците на живот. Сѐ додека не постигнеме добри цени, нема да ги прифатиме договорите, па макар да почне и наредниот откуп, рече Стомнароски.

Сојузот не очекува да се зголеми тутунопроизводтвото.

– Според состојбите, не очекуваме дека ќе се зголеми интересот за тутунопроизводството. Доколку не се постигнат цените кои ги бараме, не знам дали в година ќе се стигне до 16 000 тони реколта, а наредната година тутунопроизводството ќе се доуништи. Ако фирмите и Министерството дозволат да згасне тутунопроизводството, ние тоа нема да го дозволиме. Ќе направиме сѐ што е во наша моќ. Со Министерството имавме неколку средби, имаат расположение да се разговара и затоа е најавен состанок за идната недела, вели Стомнароски.

Сулејман Абази, тутунопроизводител од крушевско Норово, вели дека размислува да го намали производството, ако нема достоинствени цени. Цената, вели, не треба да биде под 250 денари, но мора да се зголемат по класи.

– Производството на тутун не е само интерес на тутунарите, туку е во интерес и на самите фирми. Овој процес е заеднички. Фирмите треба да настојуваат да ги мотивираат производителите со зголемувањето на цените по класи. Цениме дека доколку останат овие цени, ќе има тенденција на намалување на тутунопроизводството. Годинава имав производство од три тона. Ако не се зголемат цените, мислам да го намалам. Просечната цена да не биде под 250 денари, вели Абази. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.