Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВМРО-ДПМНЕ со предлог мерки до владата за справување со инфлацијата и заштита на стандардот на граѓаните

0
By Ivana on February 27, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, February 27, 2022 15:39

Македонија се наоѓа среде огромна економска криза поради лошите, погрешните и ненавремени мерки на владата на Ковачевски, ова денеска преку прес-конференција го истакна Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните според последните податоци на заводот за статистика се соочуваат со инфлација од 6,7%. Ваквата инфлација ја јаде и надминува годишната стапка на раст на просечната плата, што значи дека стандардот на граѓаните не само што не расте, туку и опаѓа. Граѓаните се соочуваат со поскапени производи и трошоци на живот. Горивата за краток период пораснаа за околу 70%, електричната енергија за 30%, а основните намирници, масло, леб и млеко во просек се поскапени за 30-тина проценти. Со истите плати и пензии се купува се помалку и помалку производи. Владата треба итно да преземе мерки за справување со ваквата состојба, особено ако се земе предвид актуелната геополитичка состојба која и тоа како ќе влијае врз енергенсите. Растот на цената на енергенсите влијае и на домаќинствата како и на стопанството. Владата треба да почне да размислува да ги укинува и да ги намалува даноците и таксите на сите оние производи кои граѓаните ги користат секојдневно а поради повисоките цени им го нарушуваат стандардот. Имено ВМРО-ДПМНЕ ќе бара преку Собранието на Република Македонија наместо 5% повластена даночна стапка за промет и увоз на производи за човечка исхрана, да биде 0% односно да не се плаќа данок, понатаму ќе бараме за топлинската енергија за греење наместо 5% данок да нема данок. Овие барања да бидат со важност од денот на носење на законските измени заклучно со 31.12.2022 година. Исто така ќе бараме продолжување на важноста на даночната стапка од 5% за електрична енергија и после 1ви јули, како и ќе бараме намалување на акцизата за нафта и нафтени деривати за 50%. На овој начин кај нафтата и нафтените деривати покрај намалувањето на акцизата ќе дојде и до намалување на обврската за ДДВ поради намалената основица, вели Димитриеска Кочоска.

Таа додава дека дополнително власта пред неколку дена одби да бидат намалени царинските тарифи за производите во прехранбената индустрија, предлог кој го дадоа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Со ваквата мерка се очекува да се намали конечната цена на чинење на прехранбената производи, на кои во најголем дел се троши семејниот буџет. Владата треба да ја преиспита оваа одлука, и веќе ако се работи за суета нека ја предложи истата мерка, само и само да се заштеди некој денар од секој семеен буџет.

-Во услови на енергетска криза, на која не и се гледа крајот, власта треба да почне да работи на зголемување на домашното производство на струја, имајќи предвид дека лани ја завршивме со екстремно ниско ниво на производство кое го дополнувавме со скап увоз. Во оваа насока уште еднаш ја повикуваме владата да им излезе во пресрет на компаниите и општините кои ни криви ни должни беа ставени во ситуација да плаќаат од 300 до 800% поскапа електрична енергија. Владата на Ковачевски не треба да изигрува аналитичар за геостратешки политики, туку треба да биде практичар и веднаш да почне да дејствува пред да биде прекасно. Македонија не смее оваа криза да ја дочека неподготвена како што ги дочека енергетската криза и здравствената. Сите земји во регионот веќе се снабдуваат, прават залихи, стратегии и подготвуваат конкретни економски чекори како да го заштитат своето стопанство и стандардот на својот народ. Дел од државите веќе најавија дека нема да извезуваат производи кои се од животен интерес за нив, што значи дека ако не преземеме наскоро мерки, потоа ќе треба скапо, многу скапо да ги плаќаме. Наместо гол маркетинг и гола политика го повикуваме Ковачевски да излезе од стакленото ѕвоно и да види каква е вистинската состојба. Монтираните видеа нема да му помогнат на граѓанинот исто како што и шминканите бројки и веселата математика на владата нема да му помогне да го преживее месецот, рече Димитриеска Кочоска.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.