Алфабет и Јутјуб треба да ги забранат корисниците кои поттикнуваат воена пропаганда, како дел од мерките за запирање на дезинформациите по руската инвазија на Украина, им порача вчера на извршните директори на двете компании еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон.
Гугл на Алфабет во саботата им забранија на руската државна медиумска куќа RT и другите ТВ канали да примаат пари за реклами на нивните веб-страници, апликации и видеа на ЈуТјуб, слично на потегот на Фејсбук по инвазијата на Украина.
Слободата на изразување не ја покрива воената пропаганда. Предолго, содржините од Раша Тудеј и другите руски државни медиуми се засилуваат со алгоритми и се предлагаат како „препорачана содржина“ на луѓето кои никогаш не ја побарале, рече Бретон во изјавата.
„Воената пропаганда никогаш не треба да биде препорачана содржина. Згора на тоа, таа воопшто не треба да има место на онлајн платформите. Сметам дека технолошката индустрија ќе преземе итни и ефективни мерки за борба против дезинформациите“, додаде тој.
Гугл соопшти дека веќе презел чекори без преседан за да ги спречи дезинформациите за Украина.




