Итно запирање на огнот и заминување на руските воени сили од територијата на Украина се главните прашања за кои, како што се наведува, ќе се водат преговорите
Министерството за одбрана на Украина информира преку социјалните мрежи дека украинската делегација со хеликоптер стасала на границата меѓу Украина и Белорусија за да учествува во преговорите со Русија.
Членови на украинската делегација се лично министерот за одбрана, Олексеј Резников, од шефот на фракцијата Слуга на народот – Давид Аракамија, советникот на шефот на кабинетот на претседателот, Михајло Подолијак, првиот заменик шеф на украинската делегација во Трилатералната контакт група – Андриј Костин, пратеникот Рустем Умеров. Во делегацијата е и заменик министерот за надворешни работи, Микола Точицки.
Итно запирање на огнот и заминување на руските воени сили од територијата на Украина се главните прашања, како што се наведува, за кои ќе се водат преговорите.
Шефот на делегацијата и помошник на претседателот на Русија, Владимир Медински за „Спутник“ претходно изјави руската делегација чека и дека преговорите ќе почнат во 12 часот, односно во 10 часот по средноевропско време.
Министерството за надворешни работи на Белорусија објави фотографија од просторијата за преговори, нагласувајќи дека сè е подготвено земјата да биде домаќин на мировните преговори меѓу Русија и Украина.
– Штом делегациите ќе пристигнат на местото на средбата, преговорите ќе започнат, изјави Анатолиј Глаз, прес-секретарот на белоруското Министерство за надворешни работи, пренесе РИА Новости.
The delegates arrived at the negotiating venue by helicopter. pic.twitter.com/jumBclmFwf
— NEXTA (@nexta_tv) February 28, 2022
⚡️🇷🇺🇧🇾🇺🇦In Belarus, everything is ready to host Russia-Ukraine negotiations. Waiting for delegations to arrive pic.twitter.com/WSnPMyChwg
— Belarus MFA 🇧🇾 (@BelarusMFA) February 28, 2022