Украинскиот претседател Володимир Зеленски се обрати до руските војници преку видеопорака на Фејсбук.
Зеленски ги повика да го положат оружјето и да дезертираат.
Положете го оружјето, оставете ја опремата и тргнете се одовде. Не им верувајте на вашите наредбодавачи, не верувајте им на вашите пропангадисти. Спасете ги вашите животи, рече Зеленски.
Украинскиот претседател изјави дека ќе ослободи и затвореници кои имаат искуство во борби и сакаат да се борат.
Тоа е тешка морална одлука, но неопходна за одбрана на земјата, рече Зеленски и додаде дека затворениците ќе ги испрати во подрачја каде борбите се најжестоки со образложение дека „одбраната сега е клучна“.
Зеленски се обрати до Европската Унија од која побара итен прием на неговата земја.
„Бараме од Европската Унија итно да ја прими Украина во свое членство под нова, посебна процедура. Сигурен сум дека Украина го заслужи тоа и дека такво нешто е можно“, порача претседателот на Украина.




