Published: Monday, February 28, 2022 14:11
Компанијата за изнајмување на сместувачки капацитети „Ер-Би-Ен-Би“ денеска објави дека нејзината непрофитна организација airbnb.org ќе понуди привремено бесплатно сместување за, најмногу, 100.000 украински бегалци.
Водачот Брајан Чески и претседателот на организацијата испратија писма до лидерите на Полска, на Романија, на Германија, на Унгарија со понуда за помош за сместување бегалци.
Најмалку 300.000 украински бегалци влегоа во Европската Унија (ЕУ) од почетокот на руската инвазија врз земјата. Според високи претставници на ЕУ и на Франција, Унијата се подготвува за милиони бегалци.
Престојот ќе биде финансиран од „Ер-Би-Ен-Би“, донатори од фондот за бегалци на airbnb.org, како и нејзините домаќини.




