Published: Monday, February 28, 2022 14:31
Руската војска најави отворање на безбедносен коридор за украинските цивили да можат да го напуштат Киев.
Апелираме до граѓаните на Киев. Сите цивили во градот може слободно да го напуштат главниот град на Украина долж автопатот Киев – Василков. Оваа рута е отворена и безбедна, рече генерал мајор, Игор Конашенков, портпарол на Министерството за одбрана на Русија.
Конашенков притоа уште еднаш повтори дека вооружените сили на Русија гаѓаат само воени цели и дека цивилното население не е во опасност, пренесуваат медиумите.




