Published: Monday, February 28, 2022 14:39
Соединетите Американски Држави ја суспендираа работата на својата амбасада во Белорусија и одобрија доброволно напуштање на Амбасадата во Москва за сите, освен за неопходниот персонал.
„Се решивме на ваков потег од безбедносни причини поради, од ништо, предизвиканиот и неоправдан напад на руските воени сили во Украина“, рече американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.




