Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Чоловиќ – Јордева: Задолжителен метаболен скрининг за секое новороденче е клучно за рана дијагноза за ретки болести

0
By Ivana on February 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, February 28, 2022 16:57

Денеска во Штип, Здружението ПКУ Херои го одбележа денот на ‘ретките’ и испрати силна и гласна порака за поддршка и помош на лицата дијагностицирани со ретки болести.

На настанот организиран по повод Меѓународниот ден за ретки болести, 28 Февруари учествуваа учениците од средното медицинско училиште ‘Јане Сандански’ и директорка Маја Гичева. Иницијативата беше поддржана и од градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, и директорот на Клиничката болница – Штип, Ален Георгиев.

‘Идејата и целта на нашето здружение е да го подобри квалитетот на живот на лицата со ретки болести и да ја подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат овие луѓе и нивните семејства. Се залагаме за еднакви социјални можности, брз пристап до дијагноза и здравствена заштита за луѓето кои живеат со ретки болести. Се движиме во позитивна насока, но сеуште има многу работа со сите вклучени страни’ – изјави Софија Чоловиќ Јордева, основачка и претседателка на Здружението ПКУ Херои.

При тоа, Чоловиќ Јордева истакна дека со овој настан се испраќа порака колку е важно сите институции да се вклучат во преземањето соодветни мерки и активности за подобрување на животот на децата со ретки болести.

Градоначалникот на Општина Штип, Јорданов изјави дека  секое семејство со дете дијагностицирано со ретка болест, во нашата општина, ќе добие право на ослободување од трошоците за згрижување, воспитание, одмор и рекреација во јавна установа за деца. Јорданов посочи дека Општина Штип се стреми да пружи што е можно поголема и посилна поддршка и дека буџетот наменет за таа група пациенти се зголемува од оваа година.

Директорката на средното медицинско училиште, Гичева посочи дека нивното училиште дава целосна поддршка на децата со ретки болести и инклузивно ги вклучува во нивните активности.

‘Во нашето училиште сите се еднакви, тоа е мотото кое го следиме постојано. Преку денешната креативна работилница нашите ученици, како идни медицински работници, испратија порака дека ‘ретките’ не се сами’ – рече Маја Гичева.

Претседателката на ПКУ Херои, Чоловиќ Јордева порача дека најважна е навремената и точна дијагноза и дека клучно влијание во раното дијагностицирање има науката. Како прва и најважна мерка која што треба да се преземе, како што посочија од Здружението ПКУ Херои е воведување на задолжителниот метаболен скрининг за секое новороденче.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.