Published: Tuesday, March 1, 2022 09:32
Советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко утринава соопшти дека руските сили го гранатирале „Плоштадот на слободата“ во центарот на Харков.
Државната служба за вонредни ситуации соопшти дека едно лице загинало, а три се повредени во денешното гранатирање на Харков, пренесува Интерфакс Украина.
#Ukraine Kharkiv. Missile strike on the city’s administration on central square.
Russians must be stopped pic.twitter.com/K3844p7QTo
— Hanna Liubakova (@HannaLiubakova) March 1, 2022
Службата за вонредни ситуации објави видео на кое се гледа експлозијата на централниот плоштад во Харков, каде се наоѓа зградата на Регионалната државна управа.




