Published: Tuesday, March 1, 2022 13:01
Руските сепаратисти информираа дека сакаат да постават два „хуманитарни коридора“ за граѓаните на Мариупол за напуштање на градот во југоисточна Украина.
Луѓето до среда ќе треба да си заминат, појасни денеска портпаролот на бунтовниците во регионот на Донецк, Едуард Басурин, јави агенцијата ДПА.
„Ние ја гарантираме безбедноста на движењето по деловите на автопатот А58 во правец и на регионот Запорожје и на територијата на Руската Федерација“, истакна Басурин, додавајќи дека руски војници ќе помогнат во тоа.




