Published: Tuesday, March 1, 2022 14:16
Заменик претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, со реакција на Твитер по зборовите на францускиот министер за финансии Бруно ле Мер кој во изјава за радио „Франс инфо“ порача дека е објавена „економска војна на Русија“.
Француски министер денеска рече дека е објавена економска војна на Русија. Внимавајте на јазикот, господа. И не заборавајте дека економските војни, историски, се преворале во вистински, напиша Медведев на Твитер.
Францускиот министер за финансии за радио „Франс инфо“ рече дека „Европската Унија ќе спроведе глобална економска и финансиска војна против Русија“.





