Published: Tuesday, March 1, 2022 14:22
Најмалку 136 цивили се убиени, од кои 13 деца, а 400 се ранети од почетокот на руската инвазија врз Украина минатата недела, соопшти денеска агенцијата на Обединетите Нации (ОН).
Вистинскиот биланс веројатно ќе биде многу поголем, изјави Лиз Тросел, портпаролка на Канцеларијата за човекови права на ОН.
Таа додаде дека 253 од жртвите се во регионите Донецк и Луганск во источна Украина.
„Светската програма за храна (СПХ) на ОН ги зголемува активностите во Украина, со цел да може да обезбеди 3,1 милиони лица. Залихите на храна се при крај, појасни портпаролот на СПХ, Томсон Фири.




