Познатиот и угледен светски магазин „Тајмс“ објави дека рускиот претседател Владимир Путин испратил 400 платеници во Киев со задача да ликвидираат 23 лидери на Украина. На црната листа на Путин, како што наведува „Тајмс“, се наоѓаат претседателот Володимир Зеленски, потесниот владин кабинет, воениот врв на земјата и двете боксерски легенди, браќата Кличко.
Путин составил своја црна листа на која се наоѓаат 23 високи официјални лица на Украина и моќници. Меѓу нив се и двајцата поранешни светски боксерски шампиони во тешка категорија, Владимир и Виталиј Кличко. Тие се меѓу најомилените Украинци и прераснале во заштитни лица на отпорот на руската агресија и окупација на земјата. Виталиј веќе осум години е градоначалник на Киев, а доброволното пристапување на Владимир во украинската војска во насока на одбрана на земјата, доби широк публицитет во светот, се вели на почетокот на текстот што го пренесе „Би-Би-Си“.
Потоа следуваат уште детали.
Нивниот пример го следеа други двајца великани на украинскиот бокс, Васил Ломаченко и Олександар Усик кои веќе ја бранат Украина. Прославените браќа прават голема пропаганда за Украина и се нејзини светски симболи, па затоа се висока на листата за отстрел на Путин, пишува „Би-Би-Си“.
Медиумот потоа да појасни и кој ја добиле задачата за нивна ликвидација.
Вагнер групата брои 400 одлично опремени и тренирани платеници кои во јануари од Африка ги повлече Јевгениј Пригожин, близок сојузник на рускиот претседател кого го нарекуваат „куварот на Путин“. Пред пет недели пристигнаа во Белорусија по што тргнаа кон Киев. За ликвидација на украинскиот врв им се гарантирани големки пари. За нивните планови во саботата се известени и високи украински официјални лица, се објаснува во текстот на „Би-Би-Си“.
Платениците наводно го следат Зеленски и неговите соработници преку нивните мобилни телефони и тврдат дека во секој момент знаат каде се наоѓаат. Друг извор за „Тајмс“ рекол дека „мисијата за убиство на Зеленски засега е стопирана, барем додека траат преговорите меѓу Русија и Украина.




