Published: Wednesday, March 2, 2022 08:00
Градот Керсон, на југот на Украина, кои брои околу 250.000 жители, според последните медиумски извештаи, паднал во рацете на руските војници, јавува „Би-Би-Си“, посочувајќи дека сè уште нема официјална потврда.
Руските војници го зазедоа пристаништетo и железничката станица во Керсон, изјави градоначалникот на Игор Колихав.
Тој апелира за помош од националната влада и хуманитарните агенции за да се обезбеди испорака на материјали, вклучително и храна, лекови и евакуација на повредените.
Член на локалниот совет за „Би-Би-Си“ изјави дека загинале 200 луѓе, од кои многумина цивили. Официјалните власти наведуваат дека засега е потврдено дека четири лица загинале во последниот напад на градот.




