Околу 70 Јапонци одговориле на украинскиот повик за странски доброволци за борба против руската инвазија, јавуваат денеска западни медиуми.
Заклучно вчера, околу 70 Јапонци, вклучително и 50 поранешни членови на јапонските сили за самоодбрана и двајца ветерани од француската Легија на странци, се пријавиле како доброволци во војната против Русија, објави дневниот весник „Мајничи Шимбун“, цитирајќи компанија од Токио која се занимава со организирање на доброволците.
Портпаролот на украинската амбасада соопшти дека примале повици од луѓе кои „сакаат да се борат за Украина“, но рече дека не знаат ништо повеќе за доброволците.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата повика да се формира „меѓународна легија“, што поттикна десетици луѓе од САД и Канада да волонтираат.




