Рокерот Бон Џови заедно со група инвеститори од Торонто сака да ги купи Бафало Билс, тимот од НФЛ лигата, пренесуваат американските медиуми.
Џон Бон Џови и неговите соработници заедно ја поднесоа потребната документација во која ја изразија својата желба за купување на рагби тимот Билс.
Бафало Билс се најдоа на пазарот по смртта на сопственикот Ралг Вилсон во март.
Покрај Бон Џови, во групата заинтерсирани за купување на Билс е и Лари Таненбаум, прв човек на компанијата која ги контролира Торонто Мејпл Ливс и Торонто Репторс.