Жителите на Енергодар во кој се наоѓа нуклеарна централа Запорожје го блокифраа влезот во нивниот град и не планираат да ги пуштат руските трупи кои рано утрово стигнаа до контролната точка.
Одржавме состанок. Докажавме дека нуклеарната централа и град Запорожје се под релевантна заштита. Жителите нема да ги пуштат во градот ниту еден чекор, рече градоначалникот Дмитро Орлов.
За ситуацијата во Енергодар на социјалните мрежи пишува и советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко.
„Поради лудилото на Путин, Европа повторно е на раб на нуклеарна катастрофа. Градот што ја има најголемата нуклеарна централа во Европа се подготвува за борба против Русите. Руски генерали, разбудете се. Не правете услови за нов Чернобил. Радијацијата не познава националности, не штеди никого. Заобиколете го Енергодар и нуклеарната централа Запорожје, напиша Герашченко.




