Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Петар ќе го бараат и во напуштен рудник, спасителите ќе се спуштаат во окно длабоко 100 метри

0
By НОВА ТВ Balaban on March 2, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 2, 2022 16:19

Исчезнатото дете Петар Џобоски утре од рано изутрина ќе се бара и во  напуштениот рудник „Партизанка“ – спасителите планираат да се спуштат во окно длабоко и до 100 метри, а во кое никој не влегол веќе 40 години.

Ова е единственото неистражено место околу прилепското село Врбско во изминатите пет дена, колку што трае потрагата по детето. Рудникот се наоѓа покрај пат и на само 3,5 километри од селото, кадешто живее 10 годишниот Петар, на кој му се губи трага од петокот. Од МВР потврдуваат дека потрагата трае.

Дарко Неданоски е спелеолог и е еден од спасителите од службата „Златоврв“, која заедно со останатите служби од почетокот е во потрага по детето, а кои ќе го бараат Петар и во окното од рудникот, каде и вчера се упатиле, но застанале…

– Сметовите од снег вчера ги сопреа и џиповите на половина пат и не успеавме да стасаме до рудникот, снегот беше дури до шофершајбната. Таму се наоѓаат стари окна од рудникот Партизанка, каде на времето го ваделе минералот фелцпат.. Тие окна се дупки како бунари, а длабоки се 50 метри, некои тврдат можеби дури и 100 метри, во кои рударите влегувале и ваделе суровини. Но повеќе од 40 години никој не влегол таму. За да влеземе неопходни ни се и боци со кислород, поради опасноста од јаглерод  моноксид и јаглерод диоксид, но и сета друга опрема за спуштање, над 300 метри јажиња, шлемови… вели за НОВАТВ Неданоски, кој е и претседател на Спелеолошката федерација на Македонија.

Дарко Неданоски, спелеолог

Спасителите веднаш побарале и моторни санки од Дирекцијата за заштита и спасување за да можат да стасаат до рудникот којшто е на само 2 километри воздушна линија од селото и каде, според претпоставките, и пеш би можел да стаса Петар, особено што рудникот се наоѓа покрај патот. 

– Постојано сме во соработка со МВР и сакаме максимално да помогнеме во оваа многу тешка ситуација во која исчезна детето Петар, вели Неданоски, кој е спелеолог веќе 19 години, а најдалечната точка каде успеал да се спушти е на минус 950 метри.

– Тоа беше учество во истражување во Словачка јама на Велебит. Искуството оттаму, но и од другите експедиции е драгоцено и се надевам ќе ни помогне во утрешната спасувачка акција. Од се срце се надеваме да биде успешна, вели Дарко.  

Дирекцијата за заштита и спасување ги засилила тимовите влучени во потрагата со стручни лица и од Македонски Брод и од Тетово, освен со колеги од Битола,  Прилеп и Скопје. 

– Решивме да ги ангажираме нашите сили и од овие два града, а обезбедивме и моторни санки и специјални возила и спасителите утре ќе почнат со потрага од 8 часот. Тие и вчера беа ангажирани, но не можеле да продолжат поради временските услови, ни рече Севгани Ибрахими, раководител на одделението  за организациски работи во Дирекцијата, чии тимови од вчера се приклучија во истрагата.

Сметовите од снег вчера ги сопреле и џиповите (ФОТО: Служба Златоврв, Прилеп)

Денеска е пети ден од потрагата по 10 годишното дете кое, како што веќе објавивме,  исчезна во петокот попладне, кога, според пријавата на таткото Стојан, се оддалечило од својот дом во Врбско.

Повеќе од 100 полицајци, противпожарни и спасителни служби, ловџии, но и граѓани доброволци од неколку градови се во потрага по Петар, а во која беше вклучен и хеликоптер, но и со дрон се снимаше теренот каде се бара детето.

Прилепското Основно јавно обвинителство завчера отворило предистражна постапка за исчезнувањето на десетгодишниот Петар Џ. 

Љубица Балабан

 

Дарко Неданоски детето Петар Дирекцијата за заштита и спасување напуштениот рудник потрага Севгани Ибрахими спелеолози
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.