НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стартуваше осумдневното карневалско празнување во Струмица

0
By Ivana on March 2, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со симболично предавање на клучот од градот од страна на градоначалникот Костадин Костадинов на карневалистите, вечерва во Струмица почнаа осумдневните карневалски празнувања, кои ќе траат до 9 март.

При предавањето на клучот Костадинов истакна дека струмичките карневалисти се единствените кои ја имаат привилегијата да бидат локална власт без избори.

– Убавиот повод кој е пред нас, ни дава до знаење дека нашиот клуч е клуч за отворање, клуч кој ја покажува отвореноста и гостопримството на Струмица и струмичани за сите добронамерници, онака како што тоа го покажува и скулптурата „Струмичанка под маска“ која го краси овој наш плоштад, рече струмичкиот градоначалник.

Претседателот на Организацискиот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, кој го прими клучот во име на карневалистите, вети дека за време на нивното владеење ќе направат се да ја оправдат дадената доверба.

-Свесни сме дека годинава не сме во состојба да ја достигнеме масовноста на Струмичкиот карневал, но затоа ќе се обидеме да го надополниме тоа со убавината на нашите маски кои се надевам дека временските услови ќе дозволат да блеснат во сиот свој сјај, рече Цицимов.

По предавањето на клучот се одржа промоција на монографијата „Струмичко чудо“, а беа доделени и благодарници на карневалски групи, спонзори и институции кои дале придонес за Струмичкиот карневал по повод 30 години од обновувањето на вековната традиција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Малолетници фрлиле камења врз автобус со српски туристи во близина на Солун, повредени три лица

August 21, 2025

Ураганот Ерин ја погоди Северна Каролина, силни ветришта и бранови направија штети

August 21, 2025

Грција ќе го надгради граничниот премин Евзони

August 21, 2025

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.