Цената на американската нафта ВТИ во изминатите неколку часа достигна највисоко ниво од 2013 година. Утрово е повисока за 4 отсто и изнесува 114 долари за барел. Истовремено, европската нафта Брент ја надмина цената од 116 долари за барел, што е ниво кое не е видено од јули во 2014 година.
Инаку, Русија е еден од најголемите добавувачи на енергија во светот, втор најголем извозник на сурова нафта на планетата по Саудиска Арабија и најголем извозник на природен гас, далеку пред Катар на второто место. Од Русија во Европа пристигнуваат 40 отсто од вкупните испораки на гас и 30 отсто од испораките на нафта.
Околу 30 отсто на европскиот увоз на гас и нафта доаѓа од Русија која, патем, учествува и со 11 отсто во светското производство на нафта. Накусо речено, инвеститорите стравуваат од стагфлациски удар, вели Шејн Оливер, стратег во фондот АМГ.




