Друштвото на писателите на Македонија ја покренува првата Книжевна работилница со симболичен наслов „Ракувања“, а со мото: почит, толеранција, соработка и хуманост.
Книжевната работилница ќе се одржува во Струга во последната недела на септември и ќе биде традиционална.
Од 26 до 30 септември петмина писатели ќе создаваат во Центарот за едукација и рекреација „Солферино“, на брегот на Охридското Езеро, во Струга.
Новите творби на писателите треба да бидат уметнички прилог во артикулирањето на заедничката порака за вредностите во животот со подадена рака за меѓусебно разбирање.
Овој проект на Друштвото на писателите на Македонија се организира во соработка со Црвениот крст на Република Македонија.