Со три аукции на државни хартии од вредност, Владата ја задолжува државата за нови 13,8 милиони евра на домашниот пазар.
На продажба се два едногодишни државни записи со девизна клаузула – едниот е со износ од 9,7 милиони евра, а другиот на износ од 1,6 милиони евра.
Третата аукција ќе се организира за продажба на десетгодишна државна обврзница со девизна клаузула и со износ од 2,4 милиони евра.
Утре доспева стар долг за враќање- околу 14 милиони евра на домашниот пазар.
Според последните податоци на Министерството на финансии, заклучно со мај јавниот долг на централната влада изнесува 2.818.000.000 евра или 34,9 отсто од бруто домашниот производ.
Минатата недела Владата ја задолжи државата со пола милијарда евра и на меѓународниот пазар, така што издаде еврообврзница со рок на доспевање седум години каматна стапка од 3,97%.