Јужниот пристаништен украински град Херсон од синоќа е под руска контрола. Една жителка, во репортажа на „Би-Би-Си“, раскажа за новите правила што се воспоставени во градот по неговото преземање.
Во градот сега е тивко. И влера беше тивко. Претходно имаше борби и експлозии, вели Нина, чиј целосен идентитет „Би-Би-Си“ одлучи да не го објавува.
„Вчера никој не излегуваше од дома, бидејќи беше премногу опасно. Но, денеска луѓето излегуваат надвор во обид да купат храна“, додава она, додека борби се слушаат во предградијата.
Постојат правила што треба да ги почитуваме. Се согласија со нашата влада дека не треба да ги провоцираме. Не смееме да бидеме во групи, не смееме да возиме пребрзо и мора да бидеме подготвени да застанеме и да покажеме што имаме во автомобилите и никого да не провоцираме, раскажува таа за „Би-Би-Си“.
Жителите сега имаат вода, струја и интернет и меѓу нив се проширила веста дека може да очекуваат и медицинска опрема, истакна Нина.
„Се надевам дека тоа нема да трае долго и дека сè ќе биде во ред. Сите обични луѓе се против војна, против борба, но не можеме ништо да направиме“, порача таа.




