Published: Thursday, March 3, 2022 13:48
Заменичката на украинскиот премиер, Олга Стефанишина тврди дека и НАТО е делумно одговорен цивилните жртви во земјата, бидејќи Алијансата одбива да воведе зона на забранети летови над Украина.
Говорејќи за „Би-Би-Си“, таа рече дека „е нехумано да знаете дека цивилно население и деца ќе бидат убиени ако не се донесе таква одлука“.
Крвта на овие цивили, вклучувајќи и мајка и татко на две деца кои се родија вчера, а ги загубија родителите во денешните гранатирање, не е само на руски раце, рече Стефанишина за „Би-Би-Си“.
Таа се извини што не говорела дипломатски, додавајќи дека во моментот на давање на изјавата била во засолниште поради опасноста од воздушни напади.




