Published: Friday, March 4, 2022 07:35
Руското тело за надзор на комуникациите го ограничи пристапот до рускиот сервис на „Би-Би-Си“ и до Радио „Слободна Европа“ и медиумот „Медуза“, јавија некои руски медиуми.
Руското Министерство за надворешни работи во четвртокот соопшти дека британската радиодифузна корпорација „Би-Би-Си“ се користи за поткопување на внатрешната политичка ситуација и безбедноста во Русија.




