Published: Friday, March 4, 2022 08:54
Михаил Подолјак, советник во кабинетот на украинскиот претседател, изјави дека е време Западот да преземе одговорност за завршување на војната во Украина.
Логиката на оваа војна е акумулација на ракетни и воздушни напади врз цивилната инфраструктура, големите градови и цивилите. Само „затворено небо“ ќе ја запре ескалацијата. Време е западните партнери да преземат одговорност за завршување на војната, напиша Подолјак на Твитер.
Пред девет дена рускиот претседател Владимир Путин и објави војна на Украина и почна инвазија од големи размери.
Претседателот Володимир Зеленски истакна дека затворањето на небото над Украина нема да претставува вмешаност на земјите од НАТО во војната што ја почна Русија.




