Соединетите Американски Држави, во координација со сојузниците и партнерите, продолжуваат да преземаат дополнителни мерки кон членови на руската елита, како и членови на нивните семејства кои се доведуваат во директна корелација со претседателот Владимир Путин по бруталната инвазија на Украина, беше нагласено на вчерашниот брифинг во Стејт департментот.
Ние, исто така, ги таргетираме нивните финансиски мрежи и средства, големите руски медиуми за дезинформации кои придонесуваат за дестабилизација на Украина и одбранбените претпријатија на Руската Федерација, како и Белорусија за поддршка на изборната војна на Путин. Овие акции на Стејт департментот и Министерството за финансии се насочени кон некои од најбогатите руски елити блиски до Путин и влијателни руски директори, се вели во соопштението на Стејт департментот.
Министерството за трговија, се наведува во соопштението, „воведува извозни контроли на опремата за екстракција на нафта и гас што го поддржува рускиот капацитет за рафинирање“.
„Најавуваме и ново визно ограничување за одредени руски олигарси, за членовите на нивните семејства и нивните блиски соработници кои ја овозможуваат дестабилизирачката надворешна политика на Русија. Овие активности јасно покажуваат дека нема каде да се сокријат поединци и ентитети кои ја поддржуваат флагрантната руска агресија против Украина, наведуваат од Стејт департментот.




