Од Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА) стигна потврда дека пожарот во нуклеарката Запорожје не доведе до оштетувања на реактори или опасност од радијација.
Директорот ИАЕА, Рафаел порача дека е во контакт со руската и украинската страна и дека понудил соработка и помош.
Проектил погоди зграда во комплексот во текот на ноќта. Таа зграда, повторувам, не е дел од ниту еден од реакторите. Пожарот што изби е изгаснат. Среќни сме бидејќи не дојде до ослободување на зрачење и затоа што не е нарушен интегритетот на самите реактори. Но, што се однесува до Меѓународната агенција за атомска енергија, време е да се преземе нешто во врска со тоа, рече Гроси.
Украинскиот претседател Володомир Зеленски претпладнево ја обвини Русија дека намерно ја гаѓала нуклеарната електрана „Запорожје“. Притоа побара поддршка од Европа и ги повика Русите на протести поради военото заземање на комплексот.
Руското Министерство за одбрана, пак, ги обвини украинските саботери за напад на електраната „Запорожје“, опишувајќи ја како монструозна провокација. Од таму додаваат дека руската војска го заземала комплексот на 28 февруари и дека персоналот во меѓувреме работеше нормално.




