НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маричиќ: Како земја кандидат за членство во ЕУ ќе преземеме мерки и активности за борба против трговија со луѓе

0
By Ivana on March 4, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Заменик претседателот на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ денес имаше свое обраќање пред постдипломците од Правната клиника при Универзитетот Џон Хопкинс (The SAIS International Human Rights Law Clinic), на тема Меѓународно право за човекови права и трговија со луѓе: Случајот со Северна Македонија.

-Прашањето на трговијата со луѓе е високо на агендата на Владата, прво затоа што поседувањето ефикасни механизми за спречување и сузбивање на криминалните активности е задолжително за секое демократско општество, а второ, како земја кандидат за членство во ЕУ, ја презедовме обврската да спроведеме соодветни мерки и активности за борба, меѓу другото и трговија со луѓе согласно член 78 од Спогодбата за стабилизација и асоцијација, рече Маричиќ.

Вицепремиерот Маричиќ посочи дека Владата има обезбедено основа за имплементација на Конвенцијата на ОН против транснационалниот организиран криминал со нејзините два протоколи (Палермо), како и на Конвенцијата на Советот на Европа за активности против трговијата со луѓе, со што се создава широка законска рамка за борба против трговијата со луѓе, со посебен фокус на децата.

Тој се осврна накратко и на правната рамка на земјава која опфаќа различни аспекти поврзани со превенцијата и борбата против трговијата со луѓе, усогласени со меѓународните стандарди и најдобрите практики на правото на ЕУ, како што е Директивата за спречување и борба против трговијата со луѓе и заштита на нејзините жртви.

-Ако ме прашате дали можеме повеќе, секогаш би рекол да. Секогаш може да се направи повеќе – подобро законодавство, поефикасна превенција и кривично гонење се предизвици не само за нашата земја, туку би рекол дури и во целиот свет. Сепак, верувам дека е направено многу и тоа е потврдено во Извештајот на Стејт Департментот на САД за трговија со луѓе за 2021 година, кој ја рангира Северна Македонија, шеста година по ред (од 2016 година) во групата на ниво 2 (земји чии влади прават значајни напори за усогласување со тие стандарди, посочи вицепремиерот Маричиќ, додавајќи  дека тоа соодветно ја валоризира посветеноста на Владата во оваа област, но уште поважно е охрабрување да ги удвоиме нашите напори и да се справиме со сите предизвици со цел подобри резултати во иднина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.