Published: Saturday, March 5, 2022 13:04
Жител на Мариупол за „Би-Би-Си“ изјави дека продолжуваат звуците на гранатирање и покрај договорот за прекин на воените дејствија што требаше да почне во 9 часот по локално време.
Моментно сум на улица во Мариупол. Слушам гранатирање на секои три до пет минути. Зелениот коридор е глупост. Гледам автомобили со луѓе кои се обиделе да излезат од градот, но не успеале и се враќаат, вели Александар, 44-годишен инжинер за „Би-Би-Си“.
Иако беше најавено дека е постигнат договор за прекин на гранатирањето на Мариупол додека трае евакуација на цивилното население, заменик градоначалникот вели дека „Русите и натаму бомбардираат и договорот е прекршен“.
Беше планирано да се евакуираат 9.000 лица, организирани се и автобуси, како и приватен превоз.




