Published: Saturday, March 5, 2022 14:35
Руското Министерство за одбрана ја обвини украинската страна за прекинот на евакуирање на цивилното население од Мариупол.
Министерството тврди дека „украинските националисти“ ги спречиле цивилите да се евакуираат и да ја напуштат својата земја.
Русија тврди дека нејзините сили биле нападнати, откако ги организирале хуманитарните конвои за евакуација на цивили од Мариупол.
Властите на Мариупол претходно објавија дека Русите го прекршиле договорот за привремено затишје и го гранатирале градот, со што оневозможиле населението да се евакуира.




