Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД напомош за воспоставување на зона за забранети летови над Украина за време на видео-конференцијата со американски официјални лица, пренесува „Си-Ен-Ен“. Тој од американските сенатори побара поостри санкции за Русија, но и поголема енергетска и воена помош за украинските сили. Притоа се заблагодари на САД за досегашната поддршка, меѓутоа неговата генерална порака беше дека на Украина ѝ треба поголема помош, бидејќи се бори, како што рече, руска инвазија.
Разговорот меѓу Зеленски и сенаторите траеше околу еден час. На крајот се вклучија десетици застапници во Сенатот за да се заблагодарат на Зеленски и да му изразат поддршка.
Украинските сили ги држат клучните градови во централниот и југоисточнмиот дел на земјата, додека Русите се обидуваат да блокираат и да ги задржат опколените Харков, Миколаев, Чернихов и Суми, рече украинскиот претседател пред сенаторите.
Украинскиот министер за одбрана истакна дека руските сили зазеле неколку градови и собориле украински борбен авион Су-27, пренесува „Ројтерс“.
Нанесуваме големи загуби на агресорот, какви што не можел да предвиди ниту во најлошиот кошмар, додаде Зеленски.
Тој наведе дека се убиени 10.000 руски војници за 10 дена од војната, додавајќи дека тоа не може и да се потврди од причина што руската страна не објавува редовно податоци за своите загинати војници и само еднаш, во средата, откри дека бројот на загинати е 500.
Зеленски за нив рече се момчиња на возраст меѓу 18 и 20 години на кои не им е објаснето за што се борат. Руската страна не го потврди бројот на жртви што го наведува Зеленски.
Рускиот претседател Владимир Путин денеска испрати предупредување до НАТО да не помислува за воведување на зона за забранети летови, нагласувајќи дека поради тоа „би пател цел свет“.