Published: Saturday, March 5, 2022 19:24
Израелскиот премиер Нафтали Бенет денеска тајно отпатува за Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин за примирје во Украина, јави „Аксиос“.
Ова е многу невообичаен потег на Бенет, кој во последните денови комуницираше и со Путин и со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да се обиде да издејствува прекин на огнот, констатира медиумот.
„Аксиос“ посочува дека во Израел имало налог за одржување на средбата во тајност, но портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков соопштил за неговиот престој во Москва.




