Published: Sunday, March 6, 2022 08:56
Се проценува дека 3.000 Американци се јавија на повикот на Украина за странски доброволци во борбата со руската инвазија, рече претставник на украинската амбасада во Вашингтон за „Глас на Америка“.
Западните нации не испраќаат трупи на терен во Украина, туку ѝ испорачуваат оружје во борбата во земјата. Тие, исто така, воведоа економски санкции против Русија и руските лидери и олигарси.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски и други високи украински официјални лица повикаа на формирање на „меѓународна легија“ на странски доброволци за помош во војната.
Зеленски пред неколку дена изнесе проценка за околу 16.000 доброволци кои се пријавиле за борба во Украина.




