На околу 140 километри од Киев се наоѓа градот Житомир, а во него и украинската фабрика за производство на тенкови. Видеото што го пренесе „Си-Ен-Ен“, откако вчера се појави на социјалните мрежи, покажува како дел од фабриката е буквално срамнет со земја по нападот на руските сили.
„Си-Ен-Ен“ јави и дека ја провериле автентичноста на видеото кое најпрво беше објавено на Телеграм.
Видео материјалот покажува како украински војници ја проверуваат штетата во фабриката и се чини дека еден на друг му раскажува како преживеале, бидејќи многу објекти во фабричкиот комплекс се срамнети со земја. Се гледа уништена зграда, а на земјата купишта искршени стакла, метал и бетон.
Ukrainian Tank factory demolished by Russian missiles in Zhitomir pic.twitter.com/lFOzgMXWDN
— ASB News / MILITARY〽️ (@ASBMilitary) March 5, 2022
Да ти кажам искрено, денеска стварно се исплашивме, рече еден од војниците.
Житомир во последните денови се наоѓа под силни руски напади.




