Во Мариупол, пристаништен град на југот на Украина, објавен е нов режим на затишје, соопштија градските власти.
Примирјето ќе биде на сила од 9 до 18 часот, пренесува „Би-Би-Си“.
Цивилното население им можност за евакуација од три локации во градот по претходно договорената рута што ќе завршува во Запорожје, порачаа официјални лица.
Мариупол е можно да се напушти и со приватни автомобили, но упатена е молба до граѓаните да возат зад автобусите во конвојот што ќе го предводи Црвениот крст. Градскиот совет порача дека сите места во автомобилите треба да бидат пополнети.
Иако веста за нов прекин на воените дејствија е позитивна, сличен обид за евакуација, кој беше објавен вчера, пропадна за неколку часа за што следуваа меѓусебни обвинувања од руската и од украинската страна за прекршувањето на примирјето.