Стручњаците на Германската разузнувачка служба БНД, како што пренесуваат германските медиуми, секојдневно ги анализираат движењата на руските трупи и отпорот на украинските вооружени сили. Нивните прогнози за натамошниот тек на војната се прилично мрачни.
Според германските безбедносни кругови, Москва планира да преземе контрола над источна Украина и тоа што поскоро, а сè уште постојат и планови за преземање на Киев, па најкрвавата фаза од војната можеби допрва претстои. Руската војска сè уште не употребила некои од оружените системи во нејзиниот арсенал, а некои единици кои се подготвени на границата сè уште не се искористени, се вели во анализата на БНД, пренесува нова.рс.
Луѓето околу Путин и натаму се лојални
Во моментот нема докази дека војната може да ја загрози моќта на Путин. Луѓето околу него му остануваат верни, пренесува нова.рс.
Меѓутоа, постојат докази дека рускиот претседател во последните месеци сè повеќе се повлекува на полето на внатрешната политика во земјата.
Според германските безбедносни кругови, по една недела од војната, руските загуби се сигурно многу поголеми од оние што се наведени на хартија – официјално 500 загинати и 1.600 повредени војници.
Фрустрацијата и стравот придонесуваат за логистичките грешки во чекори, а исто така е присутен и недостатокот од храна и гориво.
Путин намерно прати неискусни војници?
Стручњаците велат дека тоа би можело да е тактика. Поточно дека Путин жртвува војници на почетокот за исцрпување на украинската војска. Потоа би се распоредиле нови, подобро опремени и далеку поискусни трупи коои би можеле, конечно, во целост да го заземат Киев.
Кога би можело да се случи тоа е нејасно. На тоа би можело да му претходи воено опколување и опсада на градовите, со катастрофални последици по населението како недостаток на вода за пиење, на храна и на струја.
„Киев го очекува судбината на Грозни“
Според таквото сценарио, руската војска тогаш би можела да отвори коридор преку кој би овозможила на цивилите да го напуштат градот.
Во најлош случај, руските трупи би можеле преостанатите луѓе да ги таргетираат како непријателски борци во склад со тоа да се борат против нив.
„Слично како во првата чеченска војна во 90-тите години од минатиот век во која главниот град Грозни во голема мера беше уништен“, пренесува нова.рс.