Published: Sunday, March 6, 2022 19:47
Францускиот претседател Емануел Макрон и рускиот претседател Владимир Путин, за време на денешниот телефонски разговор, се согласија за потребата од вклучување на МААЕ за осигурување на безбедноста на нуклеарните постројки во Украина, се наведува во соопштението од Елисејската палата.
Претседателот на Франција ја изрази својата длабока загриженост пред претседателот Путин за безбедносните ризици на нуклеарните постројки, се вели во соопштението.
Во него се додава дека рускиот лидер се согласи дека работата за осигурување на безбедноста на нуклеарните постројки „треба веднаш да започне со МААЕ“.




