НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи: Косово се приклучува на демократскиот свет за да ја осуди руската агресија врз Украина

0
By Ivana on March 7, 2022 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Косовската претседателка Вјоса Османи се приклучи денеска на граѓанскиот протест, организиран од невладини организации и држани институции на Косово, во знак на солидарност со украинскиот народ кој се соочува со воена агресија од страна на Русија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во своето обраќање пред медиумите на приштинскиот централен плоштад, „Скендербег“, Османи рече дека на овој начин Косово се приклучува на демократскиот свет, не само за да ја осуди руската агресија врз Украина, туку и за да побара одговорност од, како што го нарече рускиот претседател, „воениот злосторник и диктатор (Владимир) Путин“.

– Секако дека ова што го доживува народот на Украина во овие моменти ни ги враќа во сеќавање тешките рани кои им се нанесоа на сите косовски граѓани во 90-тите години од геноцидниот режим на Србија. Затоа и се приклучивме на демократскиот свет, не само за да ја осудиме руската агресија врз Украина, туку и да побараме одговорност од воениот злосторник и диктатор Путин. Ќе останеме обединети и уверена сум дека, како и во Косовскиот случај, ќе триумфираат слободата и правдата, рече Османи.

Стотици граѓани, претставници на невладините организации и на косовските институци, како и амбасадори и други членови на дипломатските мисии во Косово, учествуваа денеска на протестниот марш во Приштина за поддршка на украинскиот народ во неговата борба против руската агресија.

Учесниците носеа плакати со пораките „Косово се солидаризира со Украина“, „Сочувствуваме со украинските жени“, „Биди силна Украино“, „Мир за Украина“ и слични, како и знамиња и облека и симболи во боите на украинското знаме. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Секој 57-ми Бугарин на возраст меѓу 15 и 64 години лани користел хероин

August 20, 2025

Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо

August 20, 2025

Над 11.500 пријави за неправилности на грчките плажи преку апликацијата „MyCoast“

August 20, 2025

Авиокомпанијата „Луфтханза“ ќе ги одржува летовите Скопје – Франкфурт цела зимска сезона

August 20, 2025

Во Шпанија над илјада смртни случаи поради жештините

August 20, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.